Бесплатно предавање на тема „Како го победив ракот“ во Струга

- Локални
860

На 15-ти февруари во Струга ќе се одржи предавање на тема „Како го победив ракот“. Сите присутни ќе имаат можност  лично да се запознаат со хероината Билјана Јанеска и да слушнат за нејзината борба со ракот, ќе имате можност да поставувате прашања и да добиете драгоцени одговори и совети.
„Местата се ограничени, доколку сакате да учествувате на предавањето ве молиме јавете се за да ви обезбедиме место на 077 817 432 . „ – информираат организаторите.
Оваа активност е дел од под-проектот „И старите можат“ кој е спроведуван од Локалната агенција за развој oд Струга која е членка на Мрежата Инклузива М за социјална инклузија на старите лицата од трета доба во Република Македонија од 2016 година.
Под-проектот се спроведува во рамки на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица” поддржан од од Европската унија, со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој и Австрискиот црвен крст, кој Црвениот крст на РМ во Македонија го спроведува во заедничко партнерство со здружението Хуманост.

Facebook Коментари