Дефектолог Соња Маџоска: Родителите на дечињата со аутизам треба да бидат храбри и гласни во своите барања

- Интервју, Локални
3181
Од 2-ри до 3-ти септември во зградата на Општина Охрид ќе се одржи обука за родители во рамките на ESIPP проектот. Станува збор за бесплатна обука наменета за родители (или членови на семејствата) на деца, адолесценти и возрасни лица со аутизам.

Целите на проектот се:
– Создавање на модел заснован на научни докази за едукација на родители на деца со аутизам кој ќе може да се користи во Европа.
 – Создавање на програма и еколошки материјали за обука на родители.
– Употреба на материјалите во едукација на семејства на деца со аутизам во региони каде што претходно не биле спроведувани едукации.
– Оценка на употребата на материјалите и влијанието на обуката преку квалитативни и квантитативни анализи на податоци.
– Споделување на моделот на програма за едукација на родители, алатките и материјалите со засегнатите страни и давање на препораки на креаторите на политики и оние кои донесуваат одлуки.
Освен родители од Охрид, на обуката ќе имаат можност да учествуваат и родители од Струга. Нивното учество го организира Дефектолог Соња Маџоска.
Со Маџоска разговаравме за деталите околу обуката за позитивно родителство, но и за сите пречки и бариери во општеството со кои се соочуваат самите лица со аутизам и нивните родители.
Strugaonline: Што се ќе имаат можност да научат родителите кои имаат деца со аутизам на оваа обука и што се содржи планираната програма?
Соња Маџоска: На 2 и 3 септември во Охрид ќе се одржи обука за родителите во чие семејство има лице со аутизам. Обуката ќе се одржи во општинската сала и се покануваат сите членови на семејства кои ќе можат бесплатно да ја посетат. Ќе бидат едуцирани и запознаени со методи, постапки за помагање и како да му го олеснат животот на лицето со аутизам, а и секако со тоа да си го подобрат и воопшто квалитетот на животот во своето семејство.
Обуките со организираат во рамките на проектот – Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство.
Родителите ќе се запознаат со суштината на аутизмот, со одредени предизвикувачки однесување кај лицата со аутизам кои многу пати се предизвик, но и непознавање на околината. На обуката ќе се едуцираат семејствата и околу важноста на комуникацијата, однесувањето кај аутизмот, како и секако одредени начини на пристап кои ќе резултираат со успех во социјална интеракција на лицата со аутизам. Особено интересен дел кој ќе засегне голем број на родители е освртот кон пубертетот и  адолесценцијата кај лица со аутизам и пристапот кон проблемите во тој период.
Strugaonline: Со оглед на тоа дека сте дефектолог, сигурно сте имале можност да бидете во контакт со многу родители чии деца боледуваат од аутизам, со кои се предизвици и пречки се соочуваат тие во секојдневното живеење?
Соња Маџоска: Како и секаде во светот така и кај нас бројот на лицата кои имаат аутизам е во пораст. Секојдневниот живот на овие лица го живеам и јас како дефектолог и можам да кажам дека се подобрува но секако е преполн со табуа, неприфаќање, потсмев и дискриминација. Лицата со аутизам се посебни и поинакви и нивниот свет е поинаков од нашиот, но ние сите сме опшество кое треба да помогне и да ги прифати. Чекорите за нив се многу тешки, оловни но сите ние го сочинуваме општеството и земјата и владата за која често викаме АХ НИШТО НЕ ПРАВИ ЗА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ, а токму ние сме тие што ништо не правиме.
Strugaonline: Колку сметате дека во нашиот регион е разбудена свеста за потребата од инклузија на децата со аутизам во општествениот живот?
Соња Маџоска: Уште од нјамала возраст е потребно лицата со аутизам да имаат подршка освен од семејството, секако и медицинска, логопедска и дефектолошка. Секако тука треба да се напомене дека и образованието треба да биде задолжително и секоја образовна установа треба да биде спремна да прифати лице со аутизам. Во текот на животот понатаму многу лица со ауитизам се вработуваат, но дел од нив животот го поминуваат во установа во која се згрижени. Кај нас многу од овие поволности кои треба да ги има за овие лица не постојат. Инклузијата е многу честое  изоставена и често нема услови во училиштата и градинките да бидат инклузирани овие деца. Многу често нема соодветен кадар кои би работел со нив, но може да кежеме дека сеуште законски не е решено најдобро околу кадарот и инклузијата во нашата земја. Струга и Охрид како и секој друг град во Македонија се среќава со родители кои се многу често збунети, неинформирани и неприфатени. Многу често немаат подршка од никого и често и единствено наместо да посетуваат третмани за говор и психомоторен развој, тие аутизмот го лекуваат медицински со разни лекови.
Strugaonline: За сите оние кои не се информирани на оваа тема, да ги отстраниме предрасудите, што е аутизам и како може да им се помогне на лицата со аутизам?
Соња Маџоска: Аутизмот не е болест, туку состојба. Се дијагностицира околу третата година и трае цел живот. Главни обележја на аутизмот се – проблеми во комуникацијата, социјализацијат  и однесувањето. Ниту едно лице со аутизам не е исто со друго. Кај едни има говор кај други не, многу од нив имаат нормална интелегенција, а многу имаат попреченост, некои се агресивни, а некои не. Сепак аутизмот е проблем на кој треба да се работи и токму однесувањето и комуникацијата да ги поправиме и да направиме овие лица да придонесат во општеството, а не да бидат проблем.
Strugaonline: Има ли во Македонија соодветни центри за работа со лица кои боледуваат од аутизам, и што според Вас треба да се преземе по тоа прашање?
Соња Маџоска: Во нашиот регион не постои установа за лица со аутизам. Се се сведува на организации, обуки и повремени посети од одредени стручни лица. Особено е важно да се напомене дека дијагностицирањето се врши во Скопје, и понатаму родителите се препуштени сами на себе. Потребата од ресурни центри за овие лица во секој град се непходни. Во нив би се вршеле вежби кои би биле предуслов за целсна инклузија во општеството, училиштата, градинките и во сите установи.
Ги поканувам сите родители да ја посетат обуката и да бидат храбри да се соочат со аутизамот и секако да бидат секогаш гласни во нивните барања за нивните дечиња.
Strugaonline
Подготви: Ирена Мрческа

Facebook Коментари