Денес во Струга се одржа Државно првенство во веслање на Ергометар

- Локални, Спорт
2849

 

Денес, 24.12.2017 година, во Струга во организација на Веслачкиот Клуб „Црн Дрим“ од Струга се одржа Државно првенство во веслање на Ергометар на кој учествуваа сите веслачки клубови од Македонија.

На Државното првенство во веслање на Ергометар, на  учесниците им беа доделени признанија и дипломи за прво, второ и трето место.

Веслачката Федерација на Македонија и Веслачкиот Клуб „Црн Дрим“ од Струга годинава имаа учество во повеќе меѓународни регати, некои од нив се светското првенство во Литванија, меѓународна московска регата во Русија, балкански шампионат во Инстанбул во Турција, меѓународна регата Пловдив во Бугарија, – изјави др. Здравко Голабоски, претседател на Веслачката Федерација на Македонија и Веслачкиот Клуб „Црн Дрим“ од Струга.

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари