DJ Face е синоним за одлична Хип Хоп журка

- Забава, Локални
446

Во склоп на емисијата „Слушај Плеј во 2“ продолжуваме со (за многумина омилената) рубрика „Слушај Плеј во 2“ каде ви откриваме што приватно слушаат познати ликови од сите области во Струга, Охрид и пошироко. Овој вторник изборот падна на познатиот Dj Face.

Дј Фаце (Dj Face) е роден во Охрид Македонија. Уште од мали нозе покажува голем интерес кон музиката која подоцна  станува и составен дел од неговиот живот. Од многуте музички правци најголем интерес покажува кон Хип Хоп и Р’Н’Б’ (Hip Hop & R`N`B`) музиката. Во прво време настапувал по приватни забави и за кратко време започнува професионално да настапува по локалните клубови во Охрид. Како резидент Дј (resident Dj) настапува во ноќниот клуб Спирит (Spirit) а свои ангажмани добива и во останатите локални клубови и кафе барови

Во меѓувреме започнува со работа во Супер Радио со сопствена емисија под наслов Хип Хоп Донт Стоп (Hip Hop Don’t Stop), која станува една од најслушаните радио емисии во Охридскиот етер. Од 2008 година станува резидент Дј (resident Dj) во едни од најпознатите локали- кафе бар „Кадмо“ (Cafe Bar Kadmo) и Кадмо плажа и клуб (Kadmo Beach and Club). Кон крајот на 2010 година неколку месеци престојува во Германија каде настапува во дискотеката Пулп (Disco Pulp) во градот Дуизбург (Duisburg) чии што настапи се од големо значење за неговата понатамошна кариера. Со престојот во Германија обавува и неколку побитни средби и запознавања со артисти каде и започнуваат неколку проекти.

По враќањето во Македонија започнува со настапи низ целата државата каде што со свои миксови гостува во многу локални емиси, приватни настани и телевизиски емисии. Во Охрид како резидент Дј (resident Dj) настапува во најпознатиот кафе бар „Ликвид“ (Cafe Bar Liquid) исто и во култната дискотека „Парк“  (Discotheque Park). Во текот на својата кариера има настапувано со повеќе македонски и странски артисти како што се: Legijata, Toni Zen, Slatkar, Kacar, Robert Bilbilov, Dj Goce (SAF), Dj Chvare, Dj Cash (Stuttgart), Dj MistaMix (New York), Dj Vaze (Kingston), Dj Doncho (Bulgaria), Dj Lady G (Belgium), Dj TLM (Amsterdam), Dj Stancho (Bulgaria) и многу други.

Исто така чести се и неговите настапи на фестивали низ Македонија како што се Хип Хоп и Р’Н’Б’ (Hip Hop & R`N`B` Summer Festival) кој се одржува од 2011 година на плажата Парк, Летен Фестивал Битола (Summer Festival Bitola) како и на еден од позначајните и најголем фестивал на државно ниво кој се одржува во Штип каде што е редовен од самите почетоци, Summer Beach Festival by Angels Caffe.

За сите оние кои што сакаат да ја следат неговата работа, настапи како и новитети истото можат да го направат на социалните мрежи Facebook- Dj Face, youtube chanel – djface, instagram – djfaceofficial, web – www.djface.com.mk како и со нови миксови на soundcloud и mixcloud под djfaceofficial.

Ова е неговиот музички топ 3 избор:

Kendrik Lamar – Humble

Calvin Harris feat. Pharrel Williams, Katy Perry & Big Sean – Feels

2Pac – Hit ‘Em Up (Dirty)

Strugaonline

Facebook Коментари