Drimon Festival ви го најавува британскиот дџ Inigo Kennedy, негово прво гостување во Струга

- Забава, Локални
1295

Drimon Festival и Desonanz Festival го најавуваат првото гостување на британскиот дџ Inigo Kennedy во Македонија.

Kennedy претставува икона во светот на електронската музика со над 100 музички изданија и две децении активна инволвираност во британската и интернационалната сцена, како и актуелно име кое често можете да го сретнете во програмите на елитните техно храмови низ светот како: Fabric, Berghain, Bassiani, Tresor и сл.

Како музичар и продуцент, неговата иновативност и уникатен пристап се легендарни, со каталог на изданија на водечките техно етикети како Token, Semantica и неговата сопствена издавачка куќа Asymmetric. Настанот е закажан за 15ти Јуни, Петок во 22:00 и ке трае цели 12 часа.

Gepostet von Drimon Festival am Mittwoch, 18. April 2018

Главната сцена на која ке настапи гостинот од Англија и нашите Andreas Hz, Klara и Mitrik ке биде сместена во големиот Хангар кој се наоѓа во комплексот од центарот за култура во Струга, додека на летната сцена ке биде сместена зоната за одмор и релаксација каде што исто така се предвидени настапи на неколку домашни артисти кои треба да бидат објавени набрзо од организаторите. По завршување на вечерната програма журката продолжува на брод кој ке крстари по охридското езеро така што сите оние кои ке успеат да си набават карти со време ги очекува маратонска техно авантура со исклучително квалитетна програма. Карти во предпродажба во строго ограничен број ке можат да се набават преку продажните мрежи на mktickets.mk и karti.com.mk.

Наскоро повеќе детали и објава на целосната програма, Се гледаме во Струга!

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари