Два германски филмови ќе се прикажуваат вечерва во Центарот за култура во Охрид

- Локални
920

Љубителите на филмската уметност, во рамки на ревијата на германски филмови, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев” ќе имаат можност да проследат  проекции на два филмови.

Охридската публика од 18: 00 часот ќе може да ја погледне проекцијата на крими драмата „Кој сум јас“ во режија на Баран Бо Одар.

Во терминот од 20:00 часот ќе се прикажува историската драма „Феникс“ во режија на Кристијан Петѕолд, со Нина Хос, Роланд Зехрфелд и Нина Кузендорф во главните улоги.

Цената на влезницата е 50 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари