Џудо клубот „Дрим“ од Струга блесна и на натпревар во Подгорица

- Локални, Спорт
935

Изминатиов викенд, на 18-ти ноември, Џудо клубот „Дрим“ од Струга учествуваше на меѓународен натпревар во Подгорица. Нашите џудисти блескаа освојувајќи пет медали од страна на четворица учесници и тоа четири златни и еден сребрен медал, како и два пехари за најдобар натправарувач.

Христијан Глигороски освои злато – 73kg во категорија Пионери и пехар за најдобар натпреварувач. АнаМарија Стојмиловска освои злато -25kg во категорија помлади полетарци и сревро -25kg во категорија полетарци. Халид Салиоски се покажа во одлично светло, но не успеа да се закити со медал.

„Блесокот на џудистите од ЏК Дрим од Струга сјаеше до Македонија и низ целиот Балкан. Нивните успеси се доказ за успешноста постигната со многу напорна работа. Горд сум на моите џудисти, им кажувам дека и Струга е горда на нив! Ги бодрам да продолжат вака и цела Македонија ќе биде горда на нив.“ – вели тренерот Ѓорѓи Стојанов.

 

 

 

 

Facebook Коментари