Џудо клубот „ДРИМ“ од Струга повторно со освоени медали

- Локални, Спорт
1993

Викендов на 28.04.2018 година во Пловдив, Бугарија, првиот дел од тимот на џудо клубот „ДРИМ“ од Струга предводена од тренерот Ѓорѓи Стојанов учествуваше на меѓународниот натпревар „GLADIATOR OPEN“ 2018.

Во многу силна конкуренција од над 600 наптреварувачи, џудо клубот „ДРИМ“ од Струга освои 3 медали: 1 златна за Доријан Петкоски, 2 бронзи за Лука Столески и Стефан Попоски.

Давид Танаскоски, Герсаим Кумбароски, Алексеј Чакарески и Александар Шулески прикажаа одлични борби но не успеаа да се закитат со медали.

Тука не заврши целосната приказна за џудо клубот „ДРИМ“ од Струга, односно продолжи во Вршац, Србија каде другиот дел од екипата предводена од тренерот Марин Бимбо освоија исто така 3 медали за што ќе биде даден подетален извештај.

Спортски поздрав од ШАМПИОНИТЕ, џудо клуб „ДРИМ“ Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари