Фитнес центар Форма Вита Струга  ви подарува здравје, насмевки и успешни резултати од вежбањето

- Локални, Спорт
2997

Фитнес центар за жени и деца „Форма Вита “ од Струга и оваа година продолжува со нови активности и континуитет во својата работа.

„На големо задоволство на спортскиот центар имаме голем број задоволни клиенти кои што позитивната енергија ја пронаоѓаат во еден час дневно вежбање и дружење. Воведувањето на зумба часовите во 2017 со инструктор Билјана Стојаноска  се покажа многу успешно и воведе уште повеќе мотив и позитивна енергија .  “ – велт од спортскиот центар

Во Форма вита моментално членуваат жени и девојчиња од сите возрасти.

Форма Вита  ги повикува сите жени и девојчиња да вложат еден час во денот што ќе биде во полза на здравјето и ќе направат убава промена во своето секојдневие.

Тренинзите се во група со помош на инструктор Мими ! Програмата на Форма Вита е многу богата и од ден на ден се зголемува со воведување на нови тренинзи и вежби.

Ова се дел од активностите што може да ги посетите:

Пилатес со топка и без топка –  Ви се активираат сите мускули на вашето тело, помага при закржлавеност, искривен грб, болки во рамо.

Зумба – Трошење калории со многу забава и кардио движења и позитивна енергија

Аеробик + табата тренинг  Тренинг со кој го менувате обликот на вашето тело и ќе се чувствувате енергично и задоволно.

Степ аеробик  Еден од најпосетуваните часови во Форма Вита каде што вежбаме на степ платформи.  Разновидност во движењата проследеност со кореографија каде што се трошат многу калории.

Кружен тренинг  Тренинг на справи и и статични вежби за обликување и сила на телото. Секоја вежба со објаснување за правилно вежбање од вашиот инструктор.

Фокус Т25 Програма плус што може да ја следите на монитор и вежбаме во група каде што поинтензивно  се постигнува вашиот посакуван ефект

ПРОГРАМА ЗА ДЕЦА  Работиме со деца на возраст од 7 до 12 години. Нашата цел со детските групи е правилен развој на телото преку игри, вежби, гимнастика.  Во програмата за деца се вкучени и активности во природа и екскузии што се покажа како многу позитивно за духот и здравјето на вашето дете

Сите што сакате да започнете ново искуство,  Форма Вита ви нуди неколку поволности: Пакет за уплата на два месеци однапред 15% попуст и пакет за уплата на три месеци однампред со 20% попуст.

Од спортскиот центар известуваат дека наскоро  следува голем аеробик и зумба настан во Струга што ќе ги поттикне сите кои до сега не се занимавале  со физичка активност да го направат тоа.

Strugaonline

 

 

 

Facebook Коментари