ФК Караорман ја совлада екипата на Велешта со резултат 5:4

- Локални, Спорт
887

Фудбалскиот клуб Караорман, го совлада тимот на Велешта со краен резултат 5:4.  Првиот гол го постигна тимот на Велешта во 15-та минута од натпреварот, а Караорман израмни во 32-та минута. Една минута подоцна Караорман уште еднаш ја затресе мрежата на противничкиот тим и поведе со 2:1. Среќна за Караорман беше и 41-та минута за резултат 3:1. Во вториот дел од натпреварот, односно во 55-та минута Велешта ја намали предноста на противниците на 3:2, но во 60-та минута Караорман возврати со гол. Екипата на Велешта успеа да постигне два гола и тоа во 65=та и 67-та минута за воторо израмнување на натпреварот од 4:4. Последниот погодок на натпреварот беше за тимот Караорман кој во 75-та минута дојде до петтиот гол на натпреварот и прослави победа од 5:4.

Извор и фото: ФК Караорман

Strugaonline

Facebook Коментари