Градоначалникот Мерко на работен состанок со Филипче и Адеми

- Локални
982

Вчера во општина Струга, градоначалникот на општина Струга одржи работен состанок со министерот за здравство г. Венко Филипче, заменик министерот за образование г. Арбр Адеми и пратениците од Струга, г. Агим Шаќири и г. Јован Митрески.

На средбата се дискутираше за проблемите со кои се соочува здравството и состојбата на струшката болница во моментов. Исто така стана збор и за иградба на нова болница која треба да биде на нова локација и да ги зајакне капацитетите на моменталната болница.
По завршување на средбата, министерот ја посети Струшката болница и лично се запозна со состојбата и проблемите со кои се соочува болницата и персоналот.

Со заменик министерот за образование се дискутираше за состојбата за образованието и проблемот со наставничкиот кадар во Лабуништа. Се размислува за најдобро можно решение за овој проблем кој треба да се реши пред почетокот на наредната учебна година.

Овие средби се дел од серијата кои ќе продолжат и понатаму со цел да се запознаат клучните луѓе со проблемите со кои се соочува нашата општина и да се најде најбрзо и најсоодветно решение за истите.

Извор и фото: Општина Струга

Facebook Коментари