Хуманитарен концерт денеска во Охрид – да и помогнеме на младата охриѓанка која боледува од леукемија

- Локални
716

Денеска со почеток во 18:00 часот на градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи хуманитарен концерт за собирање средства за за операција на 10-годишно девојче од Охрид кое боледува од леукемија и треба да оди на операција во Германија.

На концертот ќе настапат млади музички таленти од Охрид.

Претходно,  Црвен крст Охрид започна хуманитарна акција за собирање на финансиски средства и на повеќе локации во градот: маркети, кафулиња, хотели. Поставени се собирни кутии со знакот на Црвен крст во кои секој ќе може да донира финансиски средства според своите можности и желба.

Финансиски средства може да се испраќаат и на отворената сметка за донации, а наскоро ќе бидат отворени и броеви за донација.

Сметка за донација:
НЛБ Банка
210-7000006464-47

Извор: ОхридПрес/Strugaonline

 

 

Facebook Коментари