Избор на Највелигденско јајце во Струга – утре ќе има богата програма

- Локални
252

Традиционално, и оваа година , денеска и утре се одржува манифестацијата избор на Највелигденско јајце.

Организаторите претходно информираа дека право на учество имаат сите лица без разлика на возраст и пол, јајцата (експонатите) треба да се декорираат во духот на православието, да доминира црвената боја. Најуспешните експонати ќе бидат наградени

Во рамките на програмата,  денеска во период од  12:00 – 14:00 часот пред плато на Центарот за култура – Струга се одржа отворена работилница.  Изработените уметнички творби ќе учествуваат во изборот за најуспешни велигденски остварувања.

Утре, во 19:00 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“  ќе биде поставена изложбата на пристигнатите експонати. Беседа ќе одржи Отец Стефан Санџакоски, а свои настапи ќе имаат и хорот Калистрат Зографски“ и драмско студио „Миладин“ со „Покајанието – Љубов во семејството“.

На крајот на манифестацијата ќе бидат доделени наградите. Влезот е слободен.

Strugaonline

Facebook Коментари