Издадена е забрана за пиење на водата од струшкиот водовод – водата е матна и небезбедна за пиење

- Локални
1056

При редовна контрола за квалитетот на водата за пиење, што ја изведуваат екипи на Центарот за јавно здравје од Охрид, забележана е голема матност на водата од струшиот водовод.

Според тој параметар и според пропишаниот правилник за безбедност на водата за пиење, беше забележана 3-4 пати поголема матност на водата од дозволената, која изнесува 1,5 ntu (нефелометриски единици на замтеност), рече директорот на охридскиот Центар за јавно здравје, Сашо Точко, a пренесе ОхридПрес

– Од наша страна веднаш реагиравме до инспекциските служби, кои издадоа решение за забрана за користење на водата од градскиот водовод. Ова не е прв ваков случај. Проблем во Струга имаше и пред шест месеци кога имаше иста ситуација. Поради обилните дождови се заматува извориштето и водата која се користи во градскиот водовод е матна и небезбедна за пиење, потенцира Точко.

Тој упати апел до стружани да не ја користат водата за пиење, да ги следат информативните програми, се додека не биде констатирано од стручните екипи од центарот и од инспекциските служби дека водата е избистрена и дека слободно може да се пие.

Извор: ОхридПрес

Фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари