Извештајот „Услуги за лицата со попреченост на локално ниво – од закон до реалност“ ќе се промовира во Охрид

- Локални
667

Извештајот „Услуги за лицата со попреченост на локално ниво – од закон до реалност“ кој ги опфаќа услугите од областите – социјална заштита, здравство и образование, што ги добиваат семејствата на лица со попреченост во три македонски општини, ќе биде промовиран денес во Охрид.

Истражувањето што резултираше со овој извештај, беше спроведено во општинитe Охрид, Боговиње и Берово од страна на „Здружението за поддршка на деца и млади со различности Сината птица – Скопје“, и е дел од проектот „Застапуваме, зајакнуваме, се поврзуваме“.

– Со овој извештај се обидуваме да фрлиме светло врз специфичните услови во кои живеат и проблемите со кои се соочуваат семејствата на лицата со попреченост од овие три општини, различни според демографска структура, географските и културолошки специфики како и етничка структура. Одбравме една рурална, наспроти две урбани општини, но се трудевме и да ги следиме потребите на семејствата за поддршка и соработка. Преку директните сведоштва на родителите од фокус групите што ги имавме во трите општини, му даваме поинаков печат на ова истражување кое не е само сувопарна сондажа на приликите. Пред вас е четиво, кое ги резимира состојбите во клучните сектори, важни за животот на овие лица, како и поблизок увид во нивниот живот низ призмата на нивните лични приказни, информираат организаторите.

Извештајот ќе биде презентиран во Општина Охрид со почеток во 13:00 часот.

извор: ОхридПрес

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари