Известување за отстранување на огревно дрво од дворните места на станбените згради

- Локални
1750

Општина Струга ја информира јавноста дека на подрачјето на Општина Струга, во град Струга, се врши постојана узурпација на јавните површини; тротоари, зелени површини и слично, односно се оставаат огревно дрво и други подвижни и неподвижни предмети во дворните места на станбените згради или поставени спротивно од член 14-а став 2 точка 6 од Законот за јавна чистота („Службен весник на РМ“ број 44/15 и измени на законот број  147/15, 31/16 од истиот закон).

Се известуваат сите станари од станбените згради, кои имаат оставено огревно дрво или други подвижни и неподвижни предмети во дворните места на станбените згради, доброволно да ги отстранат во рок од седум дена.Во спротивно, истото ќе го сторат надлежните органи на општина Струга, на товар на сопствениците.

Извор: Oпштина Струга

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари