Јавна трибина на тема #МладиМКЕУ Можности без граници, утре во Струга

- Локални
68

Центарот на заедницата на Општина Струга најавува дека Регионалната канцеларија на Regional Youth Cooperation Office – RYCO, Центар на заедницата на општина Струга и Здружение Аква во соработка со Влада на Република Македонија организираат јавна трибина на тема :#МладиМКЕУ Можности без граници на која ќе се дискутира за можностите на младите и придобивките од влезот во ЕУ и НАТО.


На настанот ќе се обратат г-дин Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, г-дин Бујар Османи, заменик претсетдател на Владата на Република Македонија и г-дин Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата на Република Македонија, кои ќе  ги пренесат новостите од Самитот на Западен Балкан во Софија, а сите присутни ќе имаат можност отворено да дискуитраат со говорниците за можностите на младите.

Настанот е од отворен карактер и ќе се одржи утре во хотел Дрим со почеток во 15:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари