Караорман ја совлада екипата на Воска со убедливи 5:2

- Локални, Спорт
1192

Во осмото коло од машката фудбалска лига „Југозапад“,  се одигра натпреварот помеѓу екипите на Караорман и Воска. Караорман успеа да ги совлада противниците со резултат  5:2. Првиот гол на натпреварот беше постигнат во 15 минута кога Воска поведе со 0:1 и со предност отиде на одмор. Во второто полувреме првиот гол за Караорман го постигна Волчески кој успеа да израмни во 47-та минута. Следниот гол беше постигнат веднаш потоа од страна на Ќелешоски за 2:1. За 3:1 Волчески успеа да погоди во 51 минута од натпреварот. Потоа Ќелешоски постигна уште два гола во 70-та и 77-та минута за резултат 5:1. Воска ја намали разликата на 5:2 во 87-та минути од пенал.

Strugaonline

Фото: Ф.К Караорман

Facebook Коментари