Ќе се реконструира затворениот пливачки базен во Струга

- Локални
1584

Oпштинската организација на СДСМ од Струга информира дека денес, преку меѓусебна соработка на Агенцијата за млади и спорт и Општина Струга, е договорена реконструкција на затворениот пливачки базен. Реконструкцијата ќе започне на почетокот од 2018 одина после обезбедувањето на целокупната потребна документација.

„Пливачите, ватерполистите, а и сите спортисти и граѓани на Струга тоа го заслужуваат. Тоа што го ветивме ќе го оствариме.“ – велат од таму.

Инаку, реконструкцијата на базенот во Струга е долгогодишна желба на Стружани. Пливачите и ватерполистите во него ја гледаат иднината, а постарите генерации со носталгија се сеќаваат на убавите времиња кога базенот беше функционален.

Strugaonline

Facebook Коментари