Koнцерт на италијанскиот виолинист Франческо Дорацио и изведба на театарската претстава „Име“ вечерва на „Охридско лето“

- Локални
947

Во склоп на програмата на 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“ концерт ќе одржи светски познатиот италијански виолинист Франческо Дорацио. Концертот е закажан за 20 часот и 30 минути во Катедралната Црква Света Софија.

Оваа вечер освен за љубителите на музиката, резервирана е и за љубителите на театарот. Со почеток во 21:00 часот во Центарот за култура Григор Прличев ќе биде одиграна театарската претстава „ИМЕ“  од  Александар де ла Пателие и Метју Делапорт во режија на Ненни Делместре, а во продукција на Театар Комедија, Македонија.

Извор: Strugaonline\Ohridskoleto.com.mk

 

Facebook Коментари