Концерт на македонски пијанисти во чест на Свети Кирил и Методиј во Охрид

- Локални
865

Како дел од чествувањата на празникот Свети Кирил и Методиј, во четврток, на 24-ти мај, во црквата „Св. Софија“ ќе се одржи концерт на растечката генерација македонски пијанисти.

– Концертот е во чест на нашите духовни татковци, сесловенските просветители Свети Кирил и Методи во лулката на словенската писменост – древниот Охрид. Ќе настапат уметници од растечката генерација македонски пијанисти под уметничко раководство на проф. д-р Ана Гацева и проф. м-р Даниел Чуркоски, порачуваат организаторите.

Концертот ќе започне во 19:30 часот, воведна реч ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев и актерот Симон Јаковлев, а претходно е предвидено и полагање на свежо свеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во градскиот парк.

Влезот за сите посетители е слободен.

извор: ОхридПрес

Facebook Коментари