Кошаркарките од „Јосип Броз Тито” освоија златен медал

- Локални, Спорт
1265

Ученичките од ООУ „Јосип Броз Тито”- Струга вчера во Скопје го освоија првото место на државниот натпревар во кошарка и се закитија со уште еден златен медал.

Државното првенство во кошарка за женски од основните училишта се одржа во ОУ ,,Дане Крапчев” во Скопје. Второто место го освоија кошаркарките од ОУ ,,Ванчо Прке” – Делчево,  а бронза добија кошаркарките на ОУ ,,Дане Крапчев” – Скопје

Strugaonline

Фото:  ООУ „Јосип Броз Тито”- Струга

 

Facebook Коментари