Kривични пријави за две лица – извршиле тешки кражби во Струга

- Локални, Хроника
116

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 27-годишните С.О. од Струга и П.С. од струшкото село Брчево поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“ и едно казнено дело „тешка кражба во обид“.

– Пријавените, казнените дела ги сториле на трети март оваа година во временскиот период од 00:00 до 06:00 часот во Струга, најнапред во маркет лоциран на улицата „Маршал Тито“, во бутик на кеј „Борис Кидрич“, а потоа и во угостителски објект на кеј „8-ми ноември“. При извршувањето на казнените дела, пријавените користеле подесен алат со кој ги кршеле катинарите и бравите од влезните врати, а потоа насилно ги отворале. Од маркетот и бутикот, двајцата пријавени одзеле пари, цигари, лап топ компјутер и разна машка облека. Со извршувањето на казнените дела, пријавените С.О. и П.С. се стекнале со противправна имотна корист од 116.000 денари.

Извор: МВР

Фото: архива

Facebook Коментари