Малолетно лице од Струга претепало свој врсник од Ново Село

- Локални, Хроника
803

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 17-годишниот А.А. од Струга за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

– На 13-ти овој месец, во Струга, на улицата „Владо Малески“, пријавениот физички нападнал 17 годишно лице од село Ново Село, охридско, при што му нанел тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Извор: МВР

Фото: архива

Facebook Коментари