Мерко и Јанкоски ја потпишаа иницијативата за прогласување на Јабланица за национален парк

- Локални
800

Градоначалниците на Струга и на Вевчани, Рамиз Мерко и Сашо Јанкоски, вчера во Струга ја потпишаа Иницијативата за заштита на планината Јабланица и нејзино прогласување за заштитено подрачје од категорија „национален парк“. Јованчо Секулоски во име на Иницијативниот комитет за прогласување на Јабланица за национален парк истакна дека стекнувањето статус национален парк ќе значи трајна и одржлива заштита на раритетните географски карактеристики и биолошката разноликост на планината, истовремено спречувајќи нејзино натамошно деградирање како природно и културно богатство.

Извор: МИА

Strugaonline

Facebook Коментари