Млади руски уметници ќе приредат софистицирана музичка вечер во Охрид

- Локални
794

Во рамките на проектот „Амбасада на мајсторство“ , познатите руски уметници Данила Јефремов на кларинет и Иван Калатај на фортепиано вечерва ќе одржат концерт во Охрид. „Амбасада на мајсторство“ се одржува од 2012 година и вклучува патување на младите солисти од Рускиот центар за наука и култура во странски држави. Особено внимание се посветува на студенти и дипломци на конзерваторијата на возраст од 16 до 30 години – солисти на оркестарска специјалност. Само во првата половина од оваа година се одржани 49 концерти во 25 земји.

Данила Ефремов и Иван Калатај вечерва пред охридската публика ќе се претстават со дела од Стравински, Танеев, Гречанинов, Розенблат, Рахманинов, Сабитов, Шопен.

Настанот е организиран од организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Санкт-Петербуршкиот Дом на музиката и Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со поддршка на Министерството за култура на Руската Федерација и Россотрудничество.

Концертот е со почеток во 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, а влезот е слободен.

Извор: ОхридПрес/Strugaonline

Facebook Коментари