Музичари од Охрид и Струга формираа здружение „Охридски музички еснаф“

- Локални
262

Музичарите од Охрид и Струга формираа ново здружение „Охридски музички еснаф“.

На основачкото собрание присуствувале 76 музичари, а за прв претседател е избран Игор Бежаноски, кој истакна дека здружението активно ќе партиципира во креирањето на културните збиднувања во Охрид и Струга.

-Ќе делуваме во насока на заштита и промоција на охридската староградска музика, вели Бежаноски.

Членовите формираа извршен одбор од 30 членови, го изгласаа Статутот на здружението и програмата за работа за оваа година.

Извор: ОхридПрес

Facebook Коментари