На 20-ти јуни КУД „Илинден“ ќе го одржи својот јубилеен годишен концерт

- Локални
662

Откако се одржа ревијата на народни носии, КУД „Илинден“-Струга  со концерт ќе ја заокружи прославата на јубилејот 35 години од своето постоењето.

Концертот ќе се одржи на20-ти јуни (среда) со почеток во 19:00 часот во големата сала на Центарот за Култура во Струга.

Влезот е 100 денари, а влезниците се веќе пуштени во предпродажба и можат да се набават секој работен ден од 9:00-21:00 часот во просториите на Н.У. Центар за Култура “Браќа Миладиновци” во Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари