На 25-ти октомври во Охрид повторно ќе се игра претставата „Аналфабет“

- Локални
88

Идната среда,  25.10.2017 на репертоарот на Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид  повторно ќе биде изведена претставата “АНАЛФАБЕТ” – комедија според текст на Бранислав Нушиќ, а во режија на  Ѓорѓи Ризески.

Играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша
Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија
Елизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Почетокот е закажан за во 20:00 часот, а билетите чинат 150 денари . Сите заинтересирани можат да резервираат билети на телефон 046/261-063, секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот, подигнување на резервирани карти ќе се врши  најдоцна еден ден пред одигрување на претставата.

„Аналфабет“ е претстава во која се користат пиротехнички средства и истата не е наменета за лица помлади од 14 години.
„Аналфабет“ освен на Охридска сцена, беше изведена и на Интернационалниот театарски фестивал „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Охридскиот театар со неа учествуваше на на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а токму целокупниот квалитет  на претставата ја донесе и наградата Гран При за најдобра претстава  на четврото издание на Интернационалниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“  што се одржа во Скопје, во организација на Театар „Комедија“.

Facebook Коментари