Неколку земјотреси почувствувани во Охридско-струшкиот регион

- Локални
735

Неколку земјотреси во охридско преспанскиот регион регистрираше по полноќ Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Од Сеизмолошката опсерваторија информираат дека два од овие земјотреси, и тоа 50 минути по полноќ и 59 минути по полноќ биле со Рихтерова магнитуда од 3.0 и биле почувствувани од населението во селата на Плакенска Планина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Во Охрид, Струга и Кичево беа  почувствувани со интензитет од III стрпени според истата скала.

Facebook Коментари