Новиот филм на Милчо Манчевски пред струшката публика

- Локални
751

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, на 28-ми и 29-ти јуни со почеток во 20.00ч. ќе се прикажува најновиот филм во режија на Милчо Манчевски „БИКИНИ МУН.“

Во оваа модерна, урбана бајка сместена во скршениот идеал на семејството – една харизматична бездомничка го привлекува вниманието на филмска екипа, која снима документарец и која е спремна да ја искористи нејзината приказна за да се прослави во светот на независните филмаџии. Главните улоги ги играат Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Сридхаран и Микал Мишел Харис.

Времетраење на филмот е 102 минути, земја: САД, жанр: драма, документарен. Влезот е 100 денари.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари