Огромни бранови дивеат во Охридското езеро – ова е сликата од Охрид и Струга

- Локални
1529

Природата и временските услови во Охрид денеска ја покажаа својата сила. Огромните бранови предизвикани од силниот ветер уништуваа околу охридското крајбрежје. Предизвикани се штети на многу објекти, а уништени се и летните бавчи покрај езерото. За состојбата во Охрид сведочат повеќе видеа кои граѓани ги објавија на социјалните мрежи.

Ситуацијата е слична и во Струга, силниот ветер предизвика огромни бранови што може да се види од следното видео:

Posted by Emil Popovski on Samstag, 17. März 2018

И во наредните денови ќе преовладува слична временска состојба

Oд УХМР за вечерва најавија локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Потоа,  во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Во недела и понеделник на места врнежите ќе бидат пообилни. Од среда се очекува позначително заладување со умерен северен ветер, а ќе има повремени врнежи од дожд и снег, освен во крајните југоисточни делови каде ќе бидат претежно од дожд.

StrugaOnline

Видео: Емил Попоски

Facebook Коментари