Отчет на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за 100-те дена од работењето

- Локални
1075

Отчет на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за 100-те дена од работењето после Локалните избори. Рамиз Мерко истакна дека затекнале општина со многу проблеми и долгови, но рече дека нивна обврска која ја ветиле пред граѓаните, Струга да ја направат подобро место за живеење за сите граѓани подеднакво ќе ја исполнат.

Во изминативе 100 дена превзедовме сериозни чекори со тоа што ја деполитизиравме администрацијата на општина Струга и истата им ја вративме на граѓаните да им служи како сервис, а не за своите лични потреби и интереси. Професионалната служба ја вративме на граѓаните и имаме засилено темпо на работење– рече Мерко.

Рамиз Мерко кажа сериозни забелешки во работењето на претходната гарнитура предводена од Зијадин Села, посебно во Секторот за урбанизам, во кој биле издавани решенија за легализација, спротивно на законот.

Исто така издавани се решенија за легализација на имот кој што е во сопственост на РМ и на физички лица без да бидат приложени соодветни изјави од сопствениците на имотот. Издавани се решенија за објекти кои што се наоѓаат надвор од градежен опфат без претходно да биде донесена одлука од страна на Советот на општината без која согласно закон не смее да се изврши легализација, меѓутоа Зијадин Серла и Ресул Хани потпишувале согласност и решенија со што е извршена груба промена на законската регулатива“ – објасни Мерко.

Рамиз Мерко исто така истакна дека еден од посериозните проблеми со кој што се соочила општина Струга бил проблемот на вработување лица кои никогаш не се појавиле во зградата на општината, односно дел од нив биле од Скопје, Тетово и од Струга, имало и лица кои се на работа во Америка и противзаконски биле одлободени од работа во општина Струга, а како доказ навеле дека се наоѓаат во Р. Албанија на студии.

StrugaOnline

Facebook Коментари