Пионерките на ЖРК Стружанка ја забележаа првата победа сезонава

- Локални, Спорт
815

Пионерките на ЖРК Стружанка гостуваа во Чаир, каде против тимот на Риниа М ја забележаа својата прва победа во оваа сезона со резултат од 12:14 (6:5).

Девојките на ЖРК Стружанка, во доста тежок и незивесен натпревар на гостувањето во Скопје, успеаа да  ги донесат  бодовите во Струга,  иако на полувреме домашната екипа замина со минимална предност од еден погодок на крај нашите ракометарки славеа  со резултат од 12:14.

Наредниот викенд ЖРК Стружанка на домашен терен ја пречекува  екипата на Алушевски.

Стрелци за ЖРК Стружанка на денешниот натпревар:

  1. Домазетоска Теодора 4 погодоци
  2. Петреска Марија 4 погодоци
  3. Ѓоршулеска Роберта 2 погодоци
  4. Дукоска Теодора 2 погодоци
  5. Миладиноска Маријана 2 погодоци.

Извор и фото: zrkstruzanka.mk

Strugaonline

Facebook Коментари