Пожар изби во куќа во с.Мислешево – нема повредени

- Локални, Хроника
2618

Пожар изби утрово во семејна куќа во с. Мислешево. Пожарот во ТППЕ Струга бил пријавен во 08:30 часот. Од Противпожарната едници – Струга било интервенирано веднаш со три противпожарни возила и шест пожарникари. Пожарот бил локализиран во 09:00 часот, а целосно ликвидиран во 10:30 часот.

Благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Струга, било спречено пламените јазици да се прошират низ првиот сппрат.  Во пожарот нема повредени, а причините за истиот се’ уште не се познати. МВР врши увид на местото на настанот.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари