Пожарникарот Бесим Кадриу им подари 12 комплети- униформи на лекарите од Брза помош – Струга

- Здравје, Локални
2227

Пожарникарот Бесим Кадриу од Струга преку сопствено позитивно искуство раскажува за професионалниот однос на здравствените работници во Струга. Кога кај него настанале здравствени проблеми наишол на многу брза реакција од страна на тимот на „Брза помош“ од Струга, а после надминувањето на здравствените проблеми, за време на периодот на опоравување грижливите лекари постојано го посетувале во неговиот дом и постојано бил опкружен со професионална лекарска нега.

Во знак на благодарност, Кадриу во Здравствен дом Струга подари 12 комплети униформи за професионалниот тим на „Брза помош.“

Ова е инспиративна приказна која покажува дека кога професионално и совесно се работи, на ниво доктор-пациент се развива меѓусебна почит, благодарност и пријателство.

Strugaonline

Facebook Коментари