Празничен концерт вечерва во катедралната црква „Света Софија“

- Локални
912

 Вечерва во Охрид традиционално се одржува прослава во чест на Св. Кирил и Методиј која и оваа година ќе се одржи во Св. Софија со почеток од 19:30 часот. Влезот е бесплатен.

 

Во 19:00 часот ќе биде положено цвеќе кај споменикот на Св. Кирил и Методиј. Половина час подоцна ќе биде одржан воведен говор за значењето на делото на солунските браќа проследен со пијано настап на студенти од факултетот за музичка уметност во Скопје при раководство на проф. д-р. Ана Гацева и ученици од основното музичко училиште во Охрид ,,Методи Патчев” при раководство на проф. м-р. Даниел Чуркоски. Прославата ќе заврши со  коктел во предворјето на црквата Св. Софија.

Facebook Коментари