Презентација на предлог програмта за „Заштита на луѓето од кучешки напади“ во Охрид

- Локални
783

Во сабота во големата сала на општина Охрид со почеток од 12:00 часот дресерот на кучиња Ефто Стојаноски ќе одржи презентација на предлог програмта за „Заштита на луѓето од кучешки напади“ која ја изготви тој, а ќе ја предложи до Владата на Р Македонија.

Со оваа програма, вели Стојаноски, многу подобро ќе се заштитат и малите деца и бебиња а истовремено ќе се заштитат и домашните животни и другите кучиња.

„Колку подобра заштита на луѓето од кучешки напади толку подобра заштита и на самите кучиња од масовни труења и убивања“, додава Стојаноски.
Презентацијата е од отворен тип и на неа може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани кои ќе имаат можнот да поставуваат и прашања.

Strugaonline

Facebook Коментари