Процесот на разубавување со ботокс привлечен и за мажите и за жените – никој не ја крие желбата за младост и убавина

- Интервју, Локални
3806

Во секое издание на емисијата „Play café“ која се емитува на Play radio  имаме час за разубавување со „Орто смајл.“

Поради потребите на стоматологијата и на естетиката специјалистичката ординација по ортодонција „Ортосмајл“ врши услуги како што се : корекција на контури , волумен на усни, назолабиални брчки , марионети  регија околу очите, корегирање на одредени недостатоци со ботокс. Денеска, за сите овие услуги подетално разговаравме со  доктор Верица Бочевска.

Play radio: Најпрво да позборуваме за процесот на разубавување со хијалуронски филери и ботокс, како се одвива тој процес и што подразбира?

Др. Верица Боческа: Кога сакаме да постигнеме оптимална естетика, неизбежно е да се работи врз целосната визија и здравјето на лицето. Знаеме дека стресот, загадувањето, небалансираната диета, сето тоа има негативно дејство врз кожата.Таа станува потемна, го губи сјајот и еластичноста. Kако напредуваме со возраста така клетките ни произведуваат помалку колаген и еластин и кожата станува посува поради намалувањето на природната хијалуронска киселина во телото.Правилната грижа е од важно значење за здрава, свежа и млада кожа. Најчесто пациентите се одлучуваат за хијалуронот затоа што е целосно природна основа и се разложува со текот на времето. Хијалуронската киселина е природна состојка на организмот. Таа има позитивно влијание врз кожата, го привлекува молекулот на водата, ја  навлажнува кожата и ја зголемува нејзината заштита од штетното влијание на ултравиолетовите зраци. Филерите се употребуваат во долниот и средниот дел на лицето и деколтето. Хијалуронските филери се користат за корекција на контури и волумен на усните, корекција на усни, назолабијални брчки, марионети, глабеларна регија, регија околу очите или така наречени  „crow feets”,  линеарни брчки на челото, јагодици,образ, деколте и дланка. За секој од овие третмани постои посебен начин на планирање,т ехника на апликација и избор на хијалуронски филер. Ботулинскиот токсин(ботокс) за прв пат е воведен во медицината во 1973 г. од очен лекар Д-р ален Скот од сан Франциско како неоперативен метод за лекување на кривогледство кај деца. Подоцна за блефароспазам.Најчесто се употребува во горната трета на лицето.Исто така е корисен и за стоматолошки зафати, gummy smile,бруксизам,лоши навики кај мускулот на брадата, а и при совладување на примаранта хиперхидроза.

Ботоксот го блокира преносот на нервниот импулс од невронот кон мускулното влакно. На овој начин мускулот останува во трајна состојба на релаксација,односно не се скратува  и не ја набрчкува кожата.

Инјектирањето во мали количини директно во мускулатурата предизвикува нејзина релаксација и истовремено пеглање на површинскиот слој на кожата.

Play radio: Колкав е интересот? Дали може да се каже дека дамите во Струга ги користат овие услуги или се уште не се храбри за ваков потег?

Др. Верица Боческа: Интересот е доста голем не само за жените во Струга туку за секоја една жена што се почитува самата себе си, за секоја жена со самодоверба. Би кажала дека и мажите не ја кријат желбата да изгледаат помлади и поенергични. Тоа ги тера да си го подобрат надворешниот вид. Доста се мотивирани да си го подобрат тоа што не им се допаѓа и да се борат со промените кои што се резултат од времето. Спротивно на вообичаеното мислење, ботоксот не е присутен само кај естрадните ѕвезди кај кои и неретко е претеран па се приметува,туку може да се користи за многу суптилни зафати кои ке го постигнат тоа што го посакуваме без да биде очигледно дека е нешто воопшто правено.

Play radio: Дали постои старосна граница за ботокс и хијалуронски филер, кој се може да изврши корекција?

Др. Верица Боческа: Хијалуронските филери за пополнување на брчки се препорачува да се користат над 23 годишна возраст заради промените на ниво на дермис. За пополнување на усни може да се користат уште од 18 годишна возраст. Порано од таа возраст може да се аплицираат само со дозвола на родител.

Контраиндицирана е апликацијата кај пациенти со локално воспаление на местото на апликација, кај пациенти кои што имаат историја на авто-имуни заболувања и оние кои земаат имуно терапија.,бременост и лактација. Менопаузата и изложувањето на сонце не се апсолутни контраиндикации, меѓутоа можат доста да влијаат на забрзувањето на разградувањето и ресорпцијата на хијалуронот.

Факт е дека колку порано се почне со превентива,толку подобри резултати се добиваат. Зависно од квалитетот на кожата, мимиките што ги правиме и начинот на живот,промените почнуваат да се забележуваат после 25 тата година и тоа најпрво на долниот капак во вид на подочњаци од губење на волуменот и спуштање на ткивото према образите, а потоа на страните, аглите на очите во вид на фина мрежа на брчки.

Ботоксот и хијалуронот треба да се сфатат како лична хигиена на лицето. Сосема е погрешно мислењето дека првиот ботокс третман треба да се направи што подоцна. Напротив, времето за прв ботокс е токму во раните 30- ти кога и почнуваат да се појавуваат првите брчки. Тогаш се започнува со многу мали количини.

Play radio: Многу жени сакаат да направат одредена корекција но се плашат, дали станува збор за болен процес и дали може да има негативни последици?

Др. Верица Боческа: Ботоксот во медицината е нашироко употребуван одобрен е од САД од ФДА(Food and drug Administration) за естетско медицинско користење во април 2002 година со ригорозни критериуми на контрола по безбедноста за здравјето на пациентите.

Ботоксот го зазема првото место од сите естетски зафати во Светот со 36,7%. Тој е неинвазивен третман. Со многу тенка игла, со или без анестезија зависно од желбата на пациентот, се внесува одредената доза на потребната регија. Третманот трае 10 минути и не бара никаква припрема ниту пак време за опоравување. Во рок од 3-4 дена после апликацијата се забележуваат промените, а максималниот ефект се добива после две недели. Добро направен ботокс третман е оној кој не се забележува.З атоа е многу важно своето лице да се довери на посебно едуцирани доктори и специјалисти во оваа област. Пред примената на ботокс потребно е да се прекине со употреба на аминогликозидни антибиотици, ацетилсалицилна киселина и други нестероидни антиревматици 7 дена пред и после третманот. Ефектите траат од 6-9 месеци што зависи од возраста, мимиките и состојбата на кожата. После тој период мускулот се враќа во подобра состојба од предходната. Ботоксот наоѓа примена во елиминирање или ублажување на мигрената (дури како показател дека дејството на ботоксот е намален,т.е дека е време за обнова е појавата на мигренозни болки). Исто така,  ботоксот наоѓа примена во решавањето на хиперхидрозата т.е зголеменото потење.

Филерите се вбризгуваат во саканата регија и тука остануваат околу 9-12 месеци со тоа што со секое следно аплицирање на филерот неговиот ефект трае се подолго. Сигурно се прашувате како е возможно внесување на некое страно тело да е безопасно и безболно. Да,возможно е. Хијалуронската киселина природно се наоѓа во нашата кожа.Нашиот организам постојано ја создава иако со текот на годините се помалку и помалку. Синтетичната хијалуронска киселина денес се произведува да е речиси идентична  на нашата природна хијалуронска киселина па затоа оваа интервенција во голема мера е безбедна. За нашите пациенти секогаш се грижиме да им понудиме сигурен и безбеден третман во полето на естетската медицина. И целта е една и еднинствена – да ги поврзeме здравјето и убавината во една целина.

Извор: Play radio/ Strugaonline

 

 

 

 

 

Facebook Коментари