Промовиран прирачникот „Струга – одозгора мазно, одоздола азно“

- Локални
833

Здружението „Аква“ од Струга го претставува прирачникот за живот во апсурд, од оваа страна на слободата: „Струга – одозгора мазно, одоздола азно“.

„Струга е прикажана низ алузија, алегорија и апсурд. Прирачникот е наменет за граѓански зрелата публика и за оние кои се обидуваат да ги доловат парчињата реалност во изобличеното огледало на илузиите кои самите ние ги креиравме со цел да може да продолжиме да живееме задоволно. Апсурдно но тоа е нашиот живот.“ – велат од здружението при описот на прирачникот.

Сите заинтересериани, кои сакаат да го добијат овој прирачник во печатена форма, можат да ги контактираат членовите на здружението „Аква“ на нивниот Facebook профил.

Strugaonline

Facebook Коментари