Просветни инспектори вербално нападнати во Меѓународниот Универзитет во Струга

- Локални, Хроника
779

На 06.06.2018 година во 13,00 часот во Полициската станица од Струга Ѓ.И.(65) и З.Р.(38), двајцата од Скопје, (вработени во Државниот просветен инспекторат) пријавиле дека истиот ден околу 11,00 часот во просториите на Меѓународниот Универзитет во Струга врз основа на задолжение од директорот на Државен просветен инспекторат, требало да извршат вонреден инспекциски надзор. При нивното влегување во просторитте на универзитетот, биле пречекани од одговорното лице А.К. кој, откако му биле  покажани службените легитимации и задолжението за надзор, на инспекторите веднаш им се обратил на висок тон и со навредливи и заканувачки зборови. Истиот, го зел задолжението за вонреден надзор  кое му било покажано и на Г.Р. (вработен во универзитетот) и го фрлил и побарал од државните просветни инспектори да го напуштат универзитетот. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. – информираат од МВР

Извор: МВР

Strugaonline

 

Facebook Коментари