Протест против промена на името и Законот за јазиците во Струга

- Локални
1293

Oколу 200 граѓани денеска одржаа собир кај Јарболот на патот Струга-Охрид. Присутните протестираа  против како што велат „анти-државни, анти-уставни и анти-македонски одлуки на нелегитимната влада.“

„Цел на овој собир е искажување незадоволство на анти-државни, анти-уставни и анти-македонски одлуки на нелегитимната влада.
Како и во минатото кога беше загрозен нашиот интегритет и суверенитет, одговоривме како што знаеме и можеме во неколку наврати.
Во 2004та година, кога се носеше наметнатиот закон за територијална поделба одговоривме народно, семакедонски и надпартиски се со цел да си ги заштитине нашите права, нашиот дом. 
Сметаме дека во овие моменти, слично или исто ни е загрозен нашиот Устав, Интегритет, Суверенитет и Унитарноста на нашата држава, а ние како граѓани на нашата држава сме должни тоа да си го браниме.“ –  велат присутните.

На протестот свое обраќање имаа членови на  граѓанската иницијатива „Македонија пред сè“  кои ги истакнаа следниве барања: повлекување на насилно донесениот закон за јазици, поништување на таканаречениот договор за добрососедство со Бугарија, неменување на уставното име на Република Македонија со цел влез во НАТО и ЕУ и ослободување на сите притворени и осудени поради настаните во собранието од 27.04.2017.

Вакви собири деновиве се одржаа во неколку градови низ Македонија.

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари