Ревија на народни носии од КУД „Илинден“ вечерва во Струга

- Локални
1058

Во склоп на прославата на јубилејот- 35 години постоење на „КУД ИЛИНДЕН“ од Струга,  организирана е  ревија на народни носии.

Се работи за самостојна ревија на која друшвото ќе ги презентира сите народни носии со кои располага и ги стекнало во текот на овие 35 години.

Ревијата ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Браќа Миладиновци” во Струга со почеток во 20:00 часот.

КУД „Илинден“- Струга е друштво основано на 6 -ти април 1983 година.  Членовите на ова друштво негуваат долгогодишна традиција и на свој оригинален начин ја покажуваат својата љубов кон фолклорната уметност.

Ова културно-уметничко друштво  претставува вистински бренд во нашиот град. Бројните членови на ова друштво Струга ја имаат претставувано речиси во цела Македонија  а скоро и да нема држава низ Европа каде „КУД ИЛИНДЕН“ не стапнал во своето  35 -годишно постоење.

Strugaonline

 

Facebook Коментари