РК Струга утре спортски ќе се пресмета со РК Пробиштип на домашен терен

- Локални, Спорт
1152

После одличниот натпревар и големата победа над Р.К. „Бутел,“  ракометниот клуб „Струга“  е на прагот од ракометната Супер Лига .

Следниот важен натпревар ќе се игра утре (24-ти март),  во спортскиот центар „ТИМИ“ во Струга со екипата на РК Пробиштип.

Тимот на РК „Струга“ и овој пат поддршката ја бара од публиката. Од таму ги повикуваат сите љубители на ракометот да бидат на трибините и да покажат дека освен што Струга е расадник за ракометни таленти, ја има и најдобрата публика која знае да ги бодри своите ракометари.

Почетокот на натпреварот е закажан за 14:00 часот.

Strugaonline

Фото: Strugaonline (архива)

Facebook Коментари