Слика од Струга во пресрет на туристичката сезона – дали сме граѓани со еколошка свест?

- Локални
1039

Овие фотографии сликани денеска на улица ЈНА во Струга кои ја покажуваат состојбата на градот во пресрет на новата туристичка сезона пристигнаа во редакцијата на Strugaonline како реакција на загрижен  и револтиран граѓанин.

„Целиот град е со дупки и ѓубре, освен строгиот центарот на градот. Ова е  целосна негрижа за градот и туризамот, резултат на неспособна т.е незаинтересирана општинска власт, игнорантски однос кон туристите кои се одвратуваат од летување во Струга.„ – вели загрижен граѓанин на нашиот град.

Останува да видиме колкав ќе биде бројот на туристи кои оваа година ќе ја одберат Струга за своја дестинација за летување. Отворено останува и прашањето колку знаеме како граѓани да ја цениме убавината која ни ја дала природата и колку е разбудена нашата еколошка свест.

Strugaonline

 

Facebook Коментари