Со велосипедска тура ќе биде одбележан денот на Охридското езеро

- Локални
993

Со велосипедска тура ќе биде одбележан денот на Охридското езеро, 21-ви јуни.

Кружната велосипедска тура околу целата должина на езерото по деветти пат е во организација на велосипедскиот клуб „Екодром“ од Охрид кои на овој начин ќе го прослават денот на своето формирање.

Регистрацијата ќе се одржи во сабота, на 23-ти јуни, во 07:45 часот на градското пристаниште, од каде ќе биде и стартот на возењето во 09:00 часот. Ќе се вози на рутата: Охрид-Струга-Калишта-Ќафасан-Лин-Поградец-Св. Наум-Пештани-Охрид. Клубот ќе обезбеди пратечко возило и техничка поддршка, информираат организаторите.

– Понесете пред се` желба за возење, лична карта за влез во Република Албанија, заштитна кацига, резервна гума, вода, овошје, енергетски барчина и напитоци, мотивираат од „Екодром“.

Strugaonline

Facebook Коментари