Според Центарот за јавно здравје, водата во Струга е сеуште небезбедна за пиење

- Локални
1114

После последната анализа на вчерашните контролни анализи на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот резидуален хлор (дезинфекционо средство) и матност, што ги изврши Центарот за јавно здравје Охрид, покажаа дека водата од градскиот водовод содржи доволно количество на дезинфекционо средство (резидуален хлор), но матноста е сеуште над законски дозволената и пропишана вредност.

Тоа значи дека водата од градскиот водовод во Струга сеуште не е здравствено безбедна за пиење. Состојбата постојано се следи и јавноста ќе биде известена кога состојбата со квалитетот на водата ќе се нормализира, – информираат од Центарот за јавно здравје.

StrugaOnline

Facebook Коментари