Стоматолошката ординација „Калајџи dental care” спроведува хуманитарна акција во Струга

- Локални
1662

По повод 10 години успешна приказна, Стоматолошката ординација „Калајџи dental care” на ден 21ви (сабота) и на 23ти (понеделник) април организира хуманитарна акција на која што се поканети сите граѓани на Општина Струга. На тој собир се повикуваат сите наши сограѓани да донираат кој колку што сака и кој колку што може финансиска помош.

Сите финансии што ќе ги собереме ќе ги донираме на детската градинка „Пеперутка“ од Струга. Секој што ќе сака на 21ви и на 23ти април, со преглед на неговото орално здравје ќе донира 200 ден, со полирање на забите ќе донира 300 ден. Може да се донираат финансиски средства и без да се прави никаква интервенција од страна на стручниот тим на „Калајџи dental care“. Сите кои што на било каков начин ќе донираат финансиска помош, па макар и денарче ќе добијат подарок – сет средства за одржување на оралната хигена.

Драги сограѓани, секогаш помага тој што сака да помогне, а не тој што може да помогне. Фактички ние донираме во нашата иднина. Децата на Општина Струга се темелот на нашата иднина, а првите пет се најважни на целиот свет. Ако не се напиеме едно кафе во градските кафулиња, и тие средства ги донираме, ќе си ја напоиме нашата душа со едно корисно дело. Целиот собир е организиран од страна на стручниот тим на Стоматолошката ординација „Калајџи dental care” и нема никаква цел за лично афирмирање, рекламирање или злоупотреба на сето ова.. – велат од „Калајџи dental care”

Светот е поубаво место за живеење кога има детски насмевки, детски џагор и кога сите можеме да му се радуваме подеднакво на сето тоа.-мотивираат од ординацијата.

Оваа збиднување ќе се остварува во просториите на Стоматолошката ординација „Калајџи dental care“ во Струшката чаршија на 21ви (сабота) од 10ч до 15ч и на 23ти (понеделник) од 10ч до 17ч, 20 метри од поранешната градска аптека.

Strugaonline

Фото: архива

Facebook Коментари