Струга без вода и струја, со паднати бандери во 21 век

- Локални
2119

Паднати стари бандери и кабли, тоа е сликата од Струга,  во 21 век без вода и струја откако падна снег на средина на февруари.

На социјалните мрежи има лавина реакции од граѓаните кои потсетуваат дека не ја научивме лекцијата од 2014 година, кога за време на новогодишните празници Струга беше без струја, вода и  со непроодни улици.

Многумина стравуваат за својата безбедност додека се движат низ градот  од паднатите бандери и искинатите жици кои се реалност низ струшките улици полни со снег и вода која потсетува на вештачко езеро.

Strugaonline

Facebook Коментари