„Струга- тампон в’але“ со отворено писмо до Заев и Митрески

- Локални
326

Неформалната граѓанска иницијатива „Струга- тампон в’але“ преку социјалните мрежи, отворено се обрати до Јован Митрески- пратеник од Струга и Зоран Заев- претседател на Владата на Р.М.  по повод како што велат приграбување на државно земјиште и уништување на езерото, во стилот на дивиот запад, наспроти кулите во Струга за што објавија и фотографии.

Отвореното писмо ви го пренесуваме во целост:

„До Јован Митрески пратеник од Струга и Зоран Заев- претседател на Владата на Р.М.
(Се извинуваме за јавната прозивка но не ни остануваат многу опции гледајќи и чувстувајќи ја негрижата на локалните институции на терен.)

Ваквите случаи на приграбување на државно земјиште и уништување на езерото, во стилот на дивиот запад, го исцртуваат карактерот на Вашата партија но и на Вас како лидери и политичари.
Точно е дека институциите се законски одговорни но и Вие сносите политичка и граѓанска одговорност затоа што ваквото дивеење е возможно само со политичка и партиска (премолчена или директна) поддршка.
Карактерот на ДУИ и однесувањето на старо-новиот градоначалник ни е познат – не сме изненадени. Вашиот коалициски партнер, со овие случувања по крајбрежјето на Охридското езеро на делот од Струга до с.Калишта, Ве предизвика на потег.
Изборот на Ваш следен потег ќе го истакне Вашиот карактер, влијание и определби – дали сте коректори, неми набљудувачи или сојузници на вакво незаконско делување. Со тоа ќе се дефинира и Вашиот однос кон Охридското езеро – дали на него гледате како на национално богатство, ничија земја или партиска ветена земја.“

Од „Струга- тампон в’але“ информираат дека  фотографиите се направени на ден 14.04.2018

Извор и фото: Граѓанска иницијатива „Струга- тампон в’але“

 

Facebook Коментари